Рејмонд Даниелс е новиот шампион на Белатор кикбокс

Со Белатор ММА 183, во Сан Хозе се одржа и седмиот Белатор кикбокс настан.

Американецот Рејмонд Даниелс го победи Карим Гаџи и стана нов шампион во велтер категорија. Американецот го освоил појасот со лекарски прекин по првата рунда. Во кратката историја на Белатор кик бокс Гаџи два пати беше шампион до 77 килограми.

Во мечот за титулата во перолесна категорија Американецот Кевин Рос со поделена одлука го совлада Доменик Ломурно.

Џо Шилинг со технички нокаут триумфираше против Наџиб Идали, додека Хорина Баарс ја победи Анке ван Гешел.

Белатор кикбокс 7:
Рејмонд Даниелс – Карим Гаџи (ТКО; Р1)
Кевин Рос – Доменико Ломурно (поделана одлука на судиите, 48-47, 47-48, 49-46)
Џо Шилинг – Наџиб Идали (ТКО, Р2)
Хорина Баарс – Анке ван Гештел (едногласна одлука на судиите, 29-28, 30-27, 30-27)
Малаипет – Хозе Паласиос (едногласна одлука на судиите, 30:27, 30:27, 30:27)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО