Рејчел Остович: Не сум бремена и немам Ковид-19

Натпреварувачката во мува категорија на УФЦ, Рејчел Остович изјави дека не е бремена и дека не била позитивна на Ковид-19. 29-годишната Американка се подготвува за борба викендов со Џина Мазани во Лас Вегас.

Ова е прва борба за Рејчел по скоро две години. Таа ќе се обиде да ја прекине серијата од два последователни порази. Остович победи на само една од последните четири ММА борби.

„Се чуствувам добро. Направив тестови за бременост и Ковид-19. Има многу позитивност во овие негативни резултати од тестот“, напиша Остович на социјалните мрежи.

Рејчел има скор 4-5 во ММА и сите нејзини порази се со завршница.


ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО