Денеска во Загреб е избран нов Управен одбор на Регионалната бокс лига (РБЛ), при што Славиша Чуровиќ е новиот претседател на РБЛ, а Томо Кадиќ за директор, додека нашиот Илија Младеносвки повторно е избран за потпретседател на УО.
Досегашниот претседател на УО, Јурица Рунтиќ, кој неодамна си поднесе оставка, сега доби нова функција – советник на претседателот.
Членови на Управниот одбор се:
Славиша Чуровиќ – претседател
Томислав Ловречки – БК Гладијатор
Душан Пантелиќ – БК Металац
Илија Младеновски – БК Македонија
Владан Даниловиќ – БК Лозница
Јурица Рунтиќ – БК Кро тим
Блажо Шарановиќ – БК Подгорица.
Прво коло – 10 март 2018 г.
Македонија – Кро тим
Металац – Лозница
Гладијатор – Подгорица
Ipon.mk/В.Д.