Почна преодниот рок за борачи, се очекуваат интересни трансфери

Од денес почна преодниот рок за борачи и ќе трае до 31 јануари соопшти Регистрационата комисија на Федерацијата за боречки спортови на Македонија (ФБСМ).

За премин на борач од еден во друг клуб потребна е исписница од клубот, барање за регистрирање во нов клуб, извод од матичната книга на родените и две фотографии.

Се очекуваат неколку интересни трансфери како на Бобан Данов кој на прво место го става матичниот клуб Балканец, па Бобан Савев од Балканец во Спартак, можен трансфер на Халил Зубаиров и уште неколку борачи ќе бидат дел од овој преоден рок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО