Реџеп Хајдари освои бронзен медал на Меѓународниот турнир во борење „Петко Сираков – Иван Илиев“ во Буграија.
Хајдари бронзата ја освои во категоријата до 92 килограми во У-23. Тој во полуфиналето се сретна со турскиот борач Јунус Јилдиз од кого загуби 0-12, откако претходно го победи Колио Димитров од Буграија 12-1, а беше поразен од Австриецот Бенјамин Греил 0-10. Во мечот за бронзата го совлда буграскиот борач Сурај Руфат.
Бесар Алили (61 кг) во четврт финалето се сретна со силниот Казахстанец Осимжан Дастанбек и загуби 0-10. Во репасажот се бореше со вториот Казахстанец Јелдос Момбеков.
Мухамед Феруки (65 кг) во ¼ финалето се сретна со Алдан Аскаров од Казахстан и загуби 3-14.