Редкач суспендиранедна година и парично казнет за гризнувањето на Гарсија за време на борбата

Еден момент помина незабележано, Иван Редкач во текот на борбата го гризна Дани Гарсија.

Гарсија победи со едногласна одлука на судиите во борбата одржана во Њујорк и со тоа стана задолжителен предизвикувач на шампионот на ВБЦ во велтер, Ерол Спенс.

Во клинчот пред крајот на 8-та рунда, Украинецот го гризна за вратот, но поранешниот светски шампион во две категории не правеше проблем околу тоа.

„Ме гризна. Кога ме гризна, ми рече: Мајк Тајсон. Му реков на судијата дека ме гризна. Мислев дека можеби ќе ми требаат шевови или нешто. Ова е прв пат некој да ме касне за време на борба. Такви работи се случуваат. Учествува во улични тепачки, па поминав низ сè“.

Изјавата на Украинецот се однесуваше на мечот меѓу Мајк Тајсон и Ивандер Холифилд во 1997 година во која „Железниот Мајк“ беше дисквалификуван откако му гризна парче од увото на Холифилд.

Спортската комисија на Њујорк го казни Редкач со едногодишна суспензија и парична казна од 10.000 американски долари. Покрај тоа, по понатамошната истрага од боксерот е побарано да ја предаде целата заработка од 300.000 долари. Наплатата изречената огромна сума може да биде проблем, бидејќи ниту еден член на Комисијата не реагирал, по борбата на Редкач му е исплатен износот.

„На г-динот Редкач му е изречена максимална казна од 10.000 американски долари за опасно, валкано и неспортско однесување. Лиценцата на г-дин Редкач како професионален боксер е суспендирана на една година“, рече портпаролот на НЈСАЦ (NYSAC) Мерцедес Падиla.

„Покрај тоа, платата на Редкач би требало да му се одземе и да се исплати на Комисијата“.

Сличен случај се случи на еден меч не толку одамна, но без вакви драстични последици. Во реваншот во 2014 година, Маркос Маидана ја гризна Флојд Мејведер за левата ракавица.

https://www.youtube.com/watch?v=NqLMgxXHle0&feature=emb_logo
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON