На Меѓународниот турнир во борење „13 Ноември“ во органзација Тефејуз од Скопје Реџеп Ајдари од Тефејуз е прогласен за најдобар борач на турнирот, додека Трим Исмаили од Лирија е најдобар во конкуренција на деца. Арскм Бекири од Студеничани е најдобар техничар, а Енис Демири (Тефејуз)е прогласен за најдобар домашен борач.
На турнирот настапија 120 борачи од Македонија и Косово.
Освојувачи на медали:
Лирија – 8 златни, 3 сребрени и 5 бронзени
Балканец – 3 златни, 7 сребрени и 2 бронзени
Неготино – 3 златни и 2 бронзи
Ipon.mk