Речиси милион гледачи ја гледаа последната борба на легендата Федор Емелијаненко

Речиси еден милион гледачи ја гледаа последната борба во кариерата на легендата Федор Емелијаненко.

Белатор 290, чиј главен настан беше борбата меѓу Русинот и Рајан Бадер, за прв пат беше прикажан на еден од најголемите американски телевизиски канали Си Би Ес. А според „ММА на Поинт“ турнирот го следеле 928 илјади гледачи.

Потсетуваме, Емелијаненко во првата рунда загуби со нокаут од Бадер и стави крај на големата кариера.

„Последниот император“ зад себе остави 48 официјални борби, од кои победи во 40. Од нив 16 беа со нокаут, а 15 по откажување на противникот.

Помеѓу 2001 и 2010 година Федор ја уништи конкуренцијата и никогаш не загуби, забележувајќи импресивни 27 последователни победи во тој период.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО