Мајк Тајсон судија: Нгану постави услови за борбата со Фјури

Поранешниот шампион на УФЦ во тешка категорија, Френсис Нгану, ги објави условите под кои би се борел со непоразениот Тајсон Фјури.

Ракавици 4 оз

Кафез

Мајк Тајсон за судија

Според правилата на Квинсбери

Што друго?

„За титулата најлош човек на планетата“, напиша Нгану на социјалните мрежи.

Нгану (36) дебитираше во УФЦ во декември 2015 година и има вкупно 14 борби, од кои победи во 12. Во неговата последна борба на УФЦ 270 Нгану на поени го победи Французинот Сирил Гане. Минатиот месец си даде отказ од УФЦ, откако не успеа да се договори за нов договор со организацијата предводена од Дана Вајт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО