Ревaншот Вердум-Веласкез планиран за УФЦ 207

fabricio-verdum-velaskez

Фабрицио Вердум и Каин Веласкез би требало по втор пат да се борбат на УФЦ 207.
Борбата се уште не е потврдена, но, наводно, двајацата се согласиле за меч на 30 декември во Лас Вегас.

Затоа што Стипе Миочиќ планира да се одмора во 2017 година, овој меч, најверојатно ќе го даде следниот предизвикувач за титулата во тешка категорија. Веласкез изјави дека му е ветена таа позиција, но во меѓувреме рада ќе се обиде да му се одмазди на Вердум за губењето на појасот, ако актуелниот шампион земе мала пауза.

Бразилецот минатата година со гилотина во третата рунда во Мексико Сити го победи Веласкез и ја освои шампионската титула

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON