„Реален аикидо за деца и возрасни“ – ДВД издание на Будо центарот „Пелистер“

134

Во продукција на Будо центарот „Пелистер“ од Битола излезе ДВД-изданието „Реален аикидо за деца и возрасни“, во кое се содржани сите техники за полагање од жолт до мајсторски појас.

Автор на ова издание е аикидо мајсторот Ѓуро Илиќ – 7 Дан, а во изведбата на техниките му асистираа Виктор Ивановски, Љубен Андријашевиќ и Петар Ристесвки, додека за видео оживувањето, односно зад камерата беше задолжен Васил Порески, монтажата на Саше Богоевски, додека графичкиот дизјан е на Петар Ристевски.

Да потенцираме дека ова e прв ДВД- материјал во Македонија со ваква тема за реалното аикидо.

„Реалното аикидо претставува исклучително флексибилен систем на одбранбени техники чија основна карактеристика е: брзина и навремено регаирање, континуитет на изветсување на техниката и потполна завршна контрола врз напаѓачот со помош на специфични лостови. Флексибилноста на техниките на реалниот аикидо му овозможува на поединецот изведувањето да го прилагоди спрема својата физичка конституција и моменталната ситуација, што резултира со максимална ефикасност“, рекол таткото на реалното аикидо Љубоми Врачаревиќ – 10 Дан.