Претседател на фудбалскиот клуб Реал Мадрид, Флорентино Перез, одлучи да стави крај на зачестените средби меѓу Кристијано Роналдо и кикбоксерот Бадр Хари.
Перез одлучи да му ја забрани дружбата на Роналдо, затоа што смета дека бројот на посети на Мароко има негативно влијание врз неговите настапи на теренот. Исто така, верува дека дружењето со Хари не е добро за угледот на Роналдо.
Роналдо и Хари во последниве месеци често се видувани заедно и фудбалска ѕвезда потренинзите редовно патуваше во Маракеш. Поради зачестеноста на нивните средби почнаа да кружат гласини за можна интимна врска меѓу двајцата спортисти.