Петра Матијашевиќ не го оствари македонскиот таеквондо сон-учество на ОИ 2016

Petra udira

Нашата репрезентативка во такевондо, Петра Матијашевиќ (-67 кг), на Европскиот квалификациски турнир за Рио 2016 во Истанбул во првото коло ја победи претставничката на Ерменија, Избаел, Варжатијан, но во вторто беше поразена од претставничката на Азербејџан, фарида Азизова, која на крајот го освои првото место.

Со овој пораз, кој беше втор од Азизова по оној на Светското првенство, нашата надеж за пласман на Олимписките игри во Рио 2016 година ги загуби шансите, бидејќи и требаше пласман во финалето.

Матијашевиќ голем исчекор направи кога ја совлада олимписката шампионка Милица Мандиќ од Србија на „Гранд при Самсун 2015“ во Турција,каде што гоосвои бронзениот медал, што е најголем успех на македонското таеквондо.

На Петра и требаше пласман од прво до трето на Гранд при турнир во Манчестер, Англија, или на последниот квалификациски турнир во Истанбул, што се одржа викендов, пласман во финалето.

Прашање е зошто Матијашевиќ не настапи во категоријата над 67 килограми, бидејќи таму имаше седум натпреварувачи, а некои од нив ги има совладано, додека во  категоријата – 67 кг настапија 17 натпреварувачки.

На Европскиот квалификациски турнир за Рио 2016 во Истанбул во категоријата -67 кг на првите четири позиции се: Фарида Азизова (Азербејџан), Рабија  Ѓулеч (Германија), Франка Аниќ (Словенија) и Ана Циучиту (Молдавија), а првите две обезбедија пласман на ОИ 2016.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО