Еве како изгледаше окото на Митрион по борбата со Браун

Mitrione so okoto

УФЦ Фајт најт 81, накој што Доминик Круз во одлична борба го врати појасот во негова сопственост, а беше успешен и за Тревис Браун, кој со технички нокаут во третата рунда го совлада Мет Мирион. Сепак, она што го привлече вниманието, можеби дури и повеќе од самиот прекин, е состојба во која се најде окото на Митрион.

Борбата во која Браун дојде до 18-та победа во кариерата го одбележаа два убоди во окото, со кои „Хапа“ го повреди својот противник. Особено тежок беше оној од втората рунда, а да нагласиме дека судијата во двата наврати пропушти да го казнил Браун. Сепак, Митрион одлучи да ја продолжи со борбата која ја изгуби по „граунд-енд-паунд“ во последната рунда.

Освен поразот, за Митрион беше кобен и ударот кој во третата рунда му направи огромен оток.

Mitrione-oko mat

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО