Реакција на Костовски на вчерашниот избор на Спортист на годината: Каква порака им се испрати на младите македонски спортисти?

Многу реакции по вчерашниот избор на Агенцијата за млади и спорт за годинашниот Спортист на Македонија за 2022 година. Дарко Костовски, еден од тренерите на олимпискиот медалист Дејан Георгиевски на социјалните мрежи  реагираше на изборот истакнувајќи дека предност добил натурализиран спортист пред нашите медалисти.

Дејан Георгиевски оваа година донесе уште неколку медали од престижни Гран При натпреварувања, меѓутоа предност доби борачот Владимир Егоров, кој освои златен медал од Европското првенство.

„Каква порака вечерва се испрати на младите македонски спортисти кои сонуваат за врвни олимписки резултати, кој повеќе се цени нашиот домашниот спортист или некој што нема допир со Македонија!?
Да имаше драстична разлика помеѓу резултатот на Егоров со вториот резултат по него, разбирливо би било, но вака!?
Уште еден парадокс, Дејан Георгиевски бронза финале ГРАНД ПРИ олимписки спорт, европски шампион на клубско европско првенство, Филип Додевски петти на светско првенство во олимписки спорт, Дејан прворангиран спортист за најдобар спортист годинава а Борче Костовски нивниот главен тренер не беше ниту номиниран за најдобар тренер оваа година, кој толку се исплаши и зошто и оваа година Борче Костовски да биде најдобар тренер во Македонија!?
Не е првпат да не минираат, во 2017 на Дејан Георгиевски му го оспорија првото злато на европско првенство во олимписки спорт за Македонија како независна држава.
Сето ова изгледа ќе мораме да го засениме со уште еден, или можеби два олимписки медали иако до олимписките игри во Париз оние кои сега бираат веќе ќе бидат минато и искрено се надевам дека многу работи во македонскиот спорт коренито ќе се променат !
Одиме понатака, ЗА МАКЕДОНИЈА !“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО