Боречките вештини се вечна инспирација за многу приказни и доживувања за состојбата на духот и начинот на живеење, нешто што за многумина било инспирација да се остави траен запис. Во Македонија има неколку изданија, мислам на македонски автори, а едно од поновите е на Игор Довезенски, насловено „Разговор со учениците“.
Авторот ги црпи мотивите од сопстевните искуства во практикувањето на бопречките вештини кои ги усовршува во Јапонија кај старите мајстори. Поранешниот новинар се внесува со сиот жар и полет и вдахнува ново поглавје во македонската библиографија, доближувајќи го духот на живеење на една далечна земја која се гордее и има почит кон боречките вештини, прилагодени на македонското поднебје.
„Разговор со учениците“е првата македонска книга која е посветена на традиционалните боречки јапонски самурајски и нинџа вештини. Во неа, учителот Игор Довезенски, преку разговор со своите ученици, дава објаснување за создавањето на класичните јапонски борбени традиции, за источната филозофија, за начинот на размислување на воините од далечниот исток, за Патот, како и за животот воопшто.
За книгата
Автор: Игор Довезенски
Издавач: Графо ден
Јазик: Македонски
Година: 2014
Оригинален наслов: Разговор со учениците
Бр. на страни: 249
Димензии: 21 cm
Корица: мека
Цена: 600 денари
На територијата на град Скопје вршиме бесплатна достава.
Нарачки на: [email protected] или преку телефонскиот број 071 358 226
Ipon.mk