Дејан Георгиевски е втор на Медитеранот (ФОТО)

Дејан Георгиевски го освои сребрениот медал и штести за Македонија на Медитеранските игри во Тарагона, Шпанија.
Георгиевски во финалето е поразен од Шпанецот Даниел Рос Гомез со 9-24.

Претходно во полуфиналето извојува тешка тешка победа против Јоан Минг од Франција, бидејќи во двете рунди водеше 18-9, па во третата Дејан го направи невозможното, односно со пресврт дојде до конечните 19-18. Како и над Матео Милани од Италија и актуелниот носител на бронзен медал од Светското превснтсво Иван Конрад Трајковиќ од Словенија!

Убедлива победа против италијанскиот шампион Матео Милани од 23-14, на кого судијата неколку пати му броеше по извонредно прецизните и силни удари од страна на европскиот првак Дејан Георгиевски.

Во многу тешка борба, по регуларниот дел резултат беше 28-28, со златен поен го совлада Иван Трајковиќ.

Утре се бори Филип Додевски.

Резултати
+80 кг
Дејан Георгиевски – Матео Милани (Италија) 24-13
Дејан Георгиевски – Иван Конрад Трајковиќ (Словенија) 30-28
Дејан Георгиевски – Јоан Алексанре Мианг (Франција) 19-18
Финале
Дејан Георгиевски – Даниел Рос Гомез (Шпанија) 9-24 (0-6, 6-8, 3-10 и 0-0)

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО