Денеска тројца македонски борачи се појавија на душекот на Светското првенство во Белград и сите ги завршија настапите пред да влезат главните борби за медалите. Оние од кои и најмногу се оечкуваше, Егоров и Шапиев беа запрени во осминафиналето, додека Магомедов не успеа да ги мине ниту квалификациите.
Владимир Егоров во категоријата до 57 килограми во првото коло беше подобар од Дингашвили од Грузија со 4-2, но во осминафиналето загуби од технички супериорниот Харутјунјан од Ерменија.
Ништо подобро не мина и Расул Шапиев. Тој во категријата до 74 килограми успешно ги мина квалификациите со победа над Кореецот Ли (8-0), а во првата рунда беше подобар и од Пакистанецот Улах со 3-2. Во осминафиналето Шапиев за противник го доби Салказанов од Словачка, кој за нијанса беше подобар и со 4-3 го елиминираше нашиот борач.
Ахмад Магомедов се „сопна“ уште во квалификациите. Тој беше поразен во категоријата до 79 килограми од Ахмед Усманов со 3-2. Сепак, Магомедов доби шанса во репасажот да го поправи впечатокот.
Утре Магомедгаџи Нуров кој утре стартува во категоријата до 97 килограми.
Резултати СП:
61 кг
Бесир Алили – Џозеф Андрес Силва (Порторико) 2-3
70 кг
Фати Вејсели – Мајкл Стенли Аселстине (Канада) 7-0
Фати Вејсели – Арман Андерсјан (Ерменија) 2-5
86 кг
Дејан Митров – Сандип Синг Мен 0-10
17-18 септември
57 кг
Владимир Егоров – Роберти Дингашвили (Грузија) 4-2
Владимир Егоров – Арсен Харутјунан (Ерменија) 0-11
74 кг
Расул Шапиев – Сеунгчул Ли (Кореа) 8-0
Расул Шапиев – Инајат Улах (Пакистан) 3-2
Расул Шапиев – Таимураз Слаказанов (Словачка) 3-4
79 кг
Ахмад Магомедов – Ахмед Усманов (неутрален) 2-3
Репасаж
Ахмад Магомедов –Мор Сахим
18-19 септември
97кг Магомедгаџи Нуров – Гиви Мачарашвили (Грузија)
20 септември
50 кг Вероника Рјабоволова