Двајцата поранешни шампиони на УФЦ во полутешка категорија Рашад Еванс-Суга и Квинтон Џексон-Рампејџ повторно ќе се сретнат во арената, но овој пат не во октагонот, туку во боксерскиот ринг.
Имено, на Инстаграм на промоцијата на Инфлуенсер кросовер серии објавена е најава за реваншот на двајца големи ММА борци, кој треба да се одржи во текот на годината во Албакерки, Ново Мексико.
„Тренирам за боксерски меч против ’Рампејџ’. Го сакам боксот и одлично е што добивам шанса уште еднаш да се борам со Џексон“, изјави Рашад Еванс во ноември, најавувајќи ја борбата која би можела да се одржи на крајот на февруари.
Еванс и Џексон се бореа во мај 2010 година на УФЦ 114, а „Суга“ победи со едногласна одлука. Сега, 15 години подоцна, следува реванш, но во боксерски ринг.