Рашад Еванс: Чимаев е најдобриот борец што сум го видел

Хамзат Чимаев во моментов е можеби најатрактивната млада yвезда во УФЦ. Ветеранот на УФЦ Рашад Еванс изјави дека е импресиониран.

Чимаев брзо се искачи на сцената. Тој тотално доминираше против првите двајца противници во УФЦ, победувајќи ги во две различни категории за неколку дена. Многумина го сметаат за подобра верзија на Хабиб Нурмагомедов, а Дана Вајт призна дека има големи очекувања од него.

Еванс му рече на Дагестанецот дека никогаш не видел таков борец во УФЦ како спортист.

https://www.instagram.com/p/CDFmYamFmTI/?utm_source=ig_embed

„Хамзат Чимаев за мене е најдобриот спортист што сум го видел во живо на тренинг. Се колнам. Не се шегувам. Тој е луд. Го гледав како тренира во теретаната на Кутур пред неколку дена и неговата генијалност, неговите способности и набљудувања на борбата е на сосема друго ниво.

Само сакам да кажам дека неговите противници треба да бидат загрижени. Навистина, сите треба да бидат загрижени“.

Ќе видиме дали Чимаев ќе може да ги исполни очекувањата на Еванс викендов кога ќе се сретне со Џералд Мершарт. Доколку успее, следен противник најверојатно ќе му биде ветеранот Демијан Маја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО