Шампионот на Светскиот боксерски совет во перо категорија, Гери Расел – Јуниор, го смачка предизвикувачот Патрик Хиланд (Ирска) на галавечерта во Машантакет (САД). Средбата заврши со нокаут уште во втората рунда. Ирецот на три пати се најде во нокдаун пред средбата да биде прекината.
Ова беше 27-та победа (16 со нокаут) за Американецот, кој има само еден пораз. Билансот на Хиланд е 31 победа (15 со нокаут) и 2 порази.
„Подготвен сум да се борам со секого во категоријата – Лео Санта Круз или Ли Селби. Но најмногу сакам со Васил Ломаченко. Не ме интересира дури и да отидам во потешки категории. Секаде ќе го следам“.