Расекотината на Фјури е потенцијална слабост на мечот против Усик: Може да има крвопролевање

Тајсон Фјури и Александар Усик договорија борба за апсолутен шампион во тешка категорија на 18 мај во Саудиска Арабија.

Требаше да се пресметаат на 17 февруари, но мечот беше одложен откако Кралот на Ромите се повреди на тренинг, тоа беше втор пат да се повлече од борбата.

На две недели пред дуелот британскиот тешкаш доби расекотина над десното око при спаринг сесијата со Хрватот Агрон Смакиќи.

Човекот во аголот на Фјури, Хорхе Капетиљо истакнува дека ќе бидат потребни дополнителни мерки на претпазливост за да се спречи повторно да не се отвори расекотината на шампионот на ВБЦ.

На шампионот му се предлага да работи само на телото за време на спаринг за да спречи какви било повреди на главата.

Поранешниот тренер на Усик Хамес Башир Али не верува дека расекотината на Фјури ќе зарасне до 18 мај, тој смета дека на таквата повреда и треба повеќе време за заздравување.

Повредата над окото може да претставува потенцијална слабост за шампионот на ВБЦ, што тимот на Усик би можел да го искористи при подготовката на тактиката.

„Секогаш постои можност расекотината повторно да се отвори, но Тајсон мора да го направи она во што е добар и да го држи противникот на растојание. Не треба се обидува да нокаутира со еден удар. Треба да поминат околу 90 дена за да заздрави, но поминаа 60 или повеќе дена од повредата, па сигурен сум дека Фјури, со правилен третман, треба да биде подготвен за 18 мај – изјави Хорхе Капетиљо, кој повторно ќе биде во аголот на Тајсон. Потоа продолжи:

„Наскоро може да започне со лесен спаринг, ништо тешко освен да го постигне вистинскиот досег и растојание, тоа е поважно од силните удари. Тајсон мора добро да ја третира расекотината пред борбата и да се бори со соодветна опрема за глава. Спаринзите не треба да биде луди и неодговорни, бидејќи мора да биде сигурен дека колегата специјалист нема да го удри силно во глава за да не се отвори повторно расекотината“.

Британскиот тешкаш Дерек Чисора е загрижен за борбениот стил на Фјури и истакнува дека тој е премногу агресивен бидејќи негов тренер е ШугарХил Стјуард. А тоа се покажа по првата борба на Тајсон против Дионтеј Вајлдер.

Фјури се врати во рингот и двапати го нокаутираше Вајлдер. Доколку се обиде да направи нешто слично против Усик, тоа би можело да заврши лошо за него, смета Чисора. Со таков боречки стил ризикува да налета на неочекуван удар.

„Фјури мора да боксира. Не може само да стои и да чека, бидејќи повредата се уште не е санирана. Знам дека Усик ќе тренира и ќе ја фокусира својата тактика на десното око за повторно да ја отвори расекотината. Ако успее во ова, може да дојде до крвопролевање. Но, тоа е разбирливо, тој сега сака сè“,  истакна Чисора.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО