Рапер против бодибилдер: КСВ додаде фрикшоу за борба на стадион

КСВ/KSW на 27 мај на стадионот во Варшава организира голем Колосеум настан на кој се очекуваат повеќе од 60.000 гледачи.

Полската промоција на борбената картичка додаде и фрикшоу борба меѓу многу популарниот рапер Павел Миколајув попознат како „Попек монстер“ и литванскиот бодибилдер Роберт Бурнеика.

38-годишниот Попек се врати на борбите по осум години пауза во декември минатата година, кога беше нокаутиран за 80 секунди од Мариуш Пуѕијановски. Неговиот ММА биланс е 2-2, а 130 килограми тешкиот бодибилдер има 2 борби и 2 победи.

Во главната борба на Колосеум шампионот во средна категорија Мамед Халидов се бори против првакот во полусредна категорија Борис Манаковски. Фернандо Родригез Јуниор ја брани титулата во тешка категорија против Марчин Розласки и Томаш Наркун во полутешка категорија против Марчин Војчик.

https://youtu.be/x0Go5nBV_-c

https://youtu.be/LAQnSVesQZs

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON