Рамазан Бакија на Меѓународниот Балкански турнир во традиционално пеливанско борење го освои трето место. Турнирот се одржа во неделата во Шумин во Бугарија.
„Третото место гоосвои во баш категорија, односно над 95 кг Доколку судиите беа по објективни, Бакија требеше да биде во финале и да се бори за првото место. И покрај нечесното судење, нашиот претставник го даде максимумот од себе и го освои 3-тото место“, вели генралниот секретар на Федерацијата за пеливанско боренје на Македонија, Хамид Бакија.
Тој посочува дека и Самир Ибраими во категоријата до 85 кг (трета рака) оставил голем впечаток на меѓународната сцен. Ибраими се борел без почит кон противниците.
„Исто така и тој беше оштетен од судијата. Требаше да освои медал, за жал остана на 4 место. Орхан Имери во категоријатата до 95 кг во -2- група го повреди рамото, па ја предаде борбата, иако беше посупериорен од Турчинот Сафет Басри“, истакнува Бакија.
Македонската репрезентација ја предводеја кординаторот Фтмир Азизи и Хамид Бакија, генерален секретар, кои се задоволни од она што го покажаа нашите пеливани.
ipon.mk/В.Д.