Рамадан Шабани: Неправдите во минатото ме мотивираа да го освојам сребрениот медал на Светското првенство (ФОТО/ВИДЕО)

Имаше дебитантски настап како што може да се посака на Светското првенство во борење слободен стил за ветерани во Скопје имаше минатиот викенд нашиот репрезентативец Рамадан Шабани (1963г.) со освојувањето на сребрениот медал, а повредата го спречи да се бори со сите сили за светската титула.

„За да докажам дека го зслужував дресот на репрезентацијата кога се борев активно, во 80-тите години на минатиот век, три години се подготвував за овој момент. Во тоа време не ме земаа во репрезентацијата, барем на некое Балканско првенство само за да се докажам, бидејќи зад мене беа титулите на поранешна Југославија и во младинскаи во сениорска конкуренција. Бев уверен, ако селекторот Насе Насев ми укажеше шанса, дека ќе освојам медал на европско или светско првенство, во најмала рака пето место“, истакнува светскиот вицешампион од каде ја црпел мотивацијата за ова СП, додавјќи дека посебена инспирација добил кога Скопје го добило домаќинството на овој настан. Така, Рамадан Шабани 3-4 месеци почнал активнода се подготвува, од сабјле трчал на Гази Баба, а напладне и навечер правел тренинзи со борачите на Лирија под надзор на искусниот тренер Хајруш Синани. Се заблагодарува и на ФБСМ и неговото раководство на чело со двоецот Бетим Вренези – Дејан Богданов, претседателот и потпретседателот на Федрацијата, кои имале доверба и му пружиле шанса да се натпреварува.

Првата борба ја доби на поени, а во втората ја направи најголемата атракција го тушираше јапонскиот борач за само 30 секунди по една брза акција. Оваа блесква победа го однесе во финалето и борбата за златниот медал. Нешто како во најубавите сништа.

„Тоа беше борба за финале и со тренерот Хајруш Синани добро го анализиравме противникот и подготвивме соодветна тактика. Синани добро ме познава, затоа што тој ме тренираше, како и Ментас Алајбегу. Покрај тоа што ме тренираше, тој и ме мотивираше да усепам да влезам во финалето. И јас неочекував дека ќе ја завршам толку брзо борбата и тоа со туш“.

За финалето.

„И сега ми е криво што не го освоив. Сепак, повредата на реброто ме спречи да дадам се од себе, иако со сите сили се трудев. Едноставно, не одеше, болките беа посилни од се, па морав да ја предадам борбата. Убеден сум дека ќе славев во финалето да не бев повреден“.

Медалот.

„Многу ми значи сребрениот медал, занејќи дека многу неправди ми се направени, односно дека заслужува место во репрезентацијата и учетсво на ЕП или СП. Ако ме земеа, ќе освоев медал. Бев сигурен и дисциплиниран борач. Сакам да истакнам дека најгомлема заслуга за финалето и медалот има Синани, бидејќи нон-стоп ме мотивираше велејќи ми „можеш, можеш“. Ако не бев повреден ќе го освоев златниот медал. Од друга страна, го исполнив сонот и на Алајбегу да настапам на СП. И двајцата веруваа во мене. Мене ми се оствари желбата, а го исполнив и аманетот на Ментас“.

Дали ова значи дека Шабани го заврши настапот на СП-а или пак ќе го гледаме на душекот е дилемата што се поставува, но тој е одлучен:

„Не мислам да прекинам со борењето. Ако ме служи здравјето, но и ако има услови, ќе се борам до 60 години. Ова нека биде пример за младите дека со работа може да се остварат резултати“.

Рамадан Шабани со борење почнува да се занимава во 1974 година во БК Скопје, а 1977 поминува во Лирија. Тој 5-6 пати е првак на СФРЈ за младинци и сениори, 1985 е сениорски првак. Од 1983 до 1990 година настапува за БК Приштина.

Хајруш Синани за Шабани

„Како млад пионер и младинец е неколкукратен првак на Југославија, поради Х-причини не му беше дадена можност да се бори.

За СП се мотивираше, но и ние го бодревме и мотивиравме. Бев сигурен дека ќе освои медал. Му реков дека е време да биде првак. Беше повреден од порано, но и во полуфиналето повторно се повреди. Му лежеше финалето, затоа што бргу влегува во нозе и го соборува противникот. Бев сигурен дека ќе го победи. Мотивацијата е да биде светски првак. Со помош на институциите и на ФБСМ да има соодветни подготовки“.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON