Ракиќ нешто полесен од Блахович пред настанот на УФЦ во Лас Вегас

Александар Ракиќ викендов ќе настапи на настанот УФЦ на ЕСПН 36 во Лас Вегас против поранешниот шампион во полутешка категорија, Полјакот Јан Блахович.

Тоа ќе биде најтешкиот испит во кариерата за српскиот борец со австриски пасош.

Ракиќ е во потрага по третата победа во низа, која веројатно би му дала можност да се бори за титулата. Блахович го загуби шампионскиот појас минатата година против Гловер Тешеира.

Борците имаа мерење пред настанот, а Александар ќе влезе малку полесен во мечот против Јан. Имено, вагата покажа 93 килограми на српскиот борец и 93,2 килограми на Полјакот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON