Српскиот борец со последната победа влезе во најелитното друштво во полутешка категорија.
Освежени се официјалните листи на УФЦ на кои најголемиот дел од промените беа предизвикани од настанот што се одржа минатиот викенд со Александар Ракиќ и Ентони Смит во главните улоги.
Одлична вест за сите навивачи од овие простори е дека Ракиќ сега е петти борец во полутешка категорија. Српскиот удирач со најголемата победа во кариерата го зазеде местото кое до неодамна го држеше Смит, додека поранешниот предизвикувач се смести на претходната позиција на Александар (8).
Во моментов нема промена во ТОП 4. Доминик Рејес е предводник на ранг-листата во полутешка категорија, а го следат Тијаго Сантос, Јан Блахович и Гловер Тешеира.
Од позначајните промени треба да го споменеме скокот на Нил Мегни во велтер категорија. Магни минатиот викенд, потсетуваме, го победи поранешниот шампион Роби Лоулер и со тоа скона три места, односно сега ја зазема 11-та позиција.
Од друга страна, поразот Роби го турна на самиот крај на ТОП 15.
Проверете го комплетното рангирање и сите промени ТУКА.