Ракиќ поразен со поделена одлука од Оездемир (ВИДЕО)

Александар Ракиќ (12-2, 4-1 УФЦ) го претрпе првиот пораз во својот петти настап за УФЦ.

Српскиот полутешкаш кој живее во Австрија на настанот во јужнокорејскиот Бусан е поразен со поделена одлука од поранешниот предизвикувач за титулата на Волкан Оездемир (17-4, 5-3 УФЦ).

Судиите мечот го бодуваа 29-28, 28-29, 29-28 за Швајцарецот.

На Оездемир, кој многу добро се служеше со ниските удари (лоукикови),ова му е втората последователна победа. Откако ја почна кариерата во најсилната ММА промоција со три последователни победи, претрпе три порази вклучувајќи го и оној нодДаниел Кормиер во борбата за титулата. Негативната низа ја прекина во август нокаутирајќи го Илир Латифи.

https://www.youtube.com/watch?v=4S6YdGlOyZs&feature=emb_logo
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО