Хари два пати го рушеше Верховен и повторно загуби поради повреда (ВИДЕО)

На стадионот Арнхем се одржа реваншот меѓу Рико Верховен и Бад Хари.

За разлика од првата борба која пред три години ја доби Верховен со технички нокаут во втората рунда пред три години откако Мароканецот ја повреди раката, во оваа влог беше појасот шампион на Глори во тешка категорија.

Деветтата одбрана на титулата на Верховен не ја почна најдобро, бидејќи Хари рушеше со десно кроше во средината на првата рунда. „Бед бој“ продолжи да напаѓа по броењето, а во тие моменти шампионот се спаси со држење. Мароканецот погоди уште едно кроше до крајот на рундата, а Холанѓанецот го рушеше со лоу кик по истекот на времето.

Многу одлични удари паднаа и во втората рунда. Верхевен добро го користеше предниот директ, аперкат и лоу кик, а Мароканецот го погоди добро со лево кроше на почетокот на рундата.

Хари брилијантно ја отвора третата рунда и го соборува шампионот со лев хај кик. После тоа се обидува да изведе и заден кружен и притоа ја пвреди левата нога и не може да го продолжи мечот, а Холанѓанецот повторно победи поради повреда на противникот.

На Хари ова му е прва борба од март 2018 година кога го победи Хесди Гергес во реваншот со едногласна одлука. По средбата падна на допинг тестот и беше суспендиран а резултатот поништен. 30-годишниот Холанѓанец исто така не се бореше долго. Последен пат беше во рингот во септември минатата година кога со едногласна одлука ја одбрани титула против поранешниот борец на УФЦ Гут Иносенте.

Во Суперфајт серијата Антонио Плазибат беше успешен во третиот настап за водечката кикбокс промоција. Со поделена одлука на судиите (4-1) го совлада Јафар Вилнис

Алекс Переира со нокаутира со ударот на гонгот на крајот од првата рунда петти пат ја одбрани титулата во средна категорија. Бразилецот го нокаутира Турчинот Ертугрул Бајрак со комбинација на десен директ вотелото и лево кроше во главата. Переира ја држи и привремената титула шампион на Глори во полутешка категорија.

https://www.youtube.com/watch?v=ZPdEk_gpsck&feature=emb_logo

Глори: Колишн 2
Рико Верховен – Бадр Хари (ТКО, Р3)
Луис Таварес – Стефан Сасперрегуи (едногласна одлука)
Мохамед Јараја – Масаро Глундер (едногласна одлука)
Закарија Зугари – Аса Десет Пау (едногласна одлука)

Глори 74 Арнхем
Алекс Переира – Ертугрул Бајрак (КО, Р1)
Серхи Адамчук – Алексеј Улијанов (поделена одлука на судиите)
Ариел Макадо – Мајкл Дут (едногласна одлука)
Итај Гершон – Ли Санџин (мнозинска одлука на судиите)

Глори 74 Суперфајт серија
Антонио Плазибат – Јахфар Вилнис (поделна одлука)
Донован Висс – Цезар Алмеида (мнозинска одлука на судиите)
Нордин Махидидин – Цихад Кепенек (поделена одлука по дополнителна рунда)
Улрик Бокем – Кевин ван Хекерен (едногласна одлука)
Ребека Ирвин – Ји Ксу (поделена одлука на судиите)

https://www.youtube.com/watch?v=3t28SrVT9mQ&feature=emb_logo

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО