Лебедев поразен во повратничкиот меч, Кудријашов победи со поделена одлука (ВИДЕО)

Поранешниот светски шампион во крузер категорија Денис Лебедев (32-3-1НЦ, 23 КО) се се врати од пензија во рингот во Краснојарск.

Во првата борба од минатиот ноември 40-годишниот Русин убедливо е поразен од Табис Мчуну (22-5, 13 КО) – 120-107, 119-108, 115-112.

 31-годишниот Јужноафриканец со оваа победа го освои сребрениот појас на ВБЦ и треба да се бори со победникот од мечот меѓу Илунга Макабу и најверојатно Кршиштоф Влодарчик за испразнетата титула.

На Лебедев во третата рунда му е одземен бод по судирот со глави. Во текот на кариерата имаше неколку големи паузи, а најголемата кога не боксираше од 2004 до 2008 година.

Како „првак во мирување“ требаше да се бори со Александар Усик, а откако Украинецот се крена во тешка категорија за испразнетата титула во ВБА со Арсен Гуламиријан.

Кога не успеа да договори борба реши да се пензионира.

Откако во јуни од Илунга Макабу го доживеа третиот нокаут-пораз, Дмитриј Кудријашов (24-3, 23 КО) се бореше со чешкиот патник Вацлав Пјесар (14-9, 12 КО).

34-годишниот Русин се најде во неволја уште на самиот старт на мечот, а иако со десно корше на крајот на четвртата рунда го собори 35-годишниот Чех требаше да ја загуби борбата.

После 10 рунди еден судија ја бодуваше борбата за 97-92 за Пејсар, а другите двајца 95-94 и 97-92 за Русинот.

За Кудријашов ова беше прва борба во професионалната кариера која отиде до крај.

https://www.youtube.com/watch?v=Wu24-vb6rtc&feature=emb_logo
https://www.youtube.com/watch?v=DSJg_IBMuKA&feature=emb_logo
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО