Американската боксерска ѕвезда Рајан Гарсија на социјалните мрежи објави нова објава во која дава изјава во врска со убиството на рап легендата 2Пак, кое се случи во 1996 година. Тупак Шакур е еден од најголемите хип-хоп артисти познат по уметничкото име 2Пак.
Неговите албуми се продадени во над 120 милиони копии ширум светот и над 41 милион примероци во САД. Магазинот „Ролинг стоун“ го прогласи за 86-ти најголем музичар на сите времиња. На 7 септември 1996 година Шакур беше застрелан четири пати од непознат напаѓач во претсрелка во Лас Вегас, Невада.
На 29 септември 2023 година беше пронајден убиецот на Шакур – Двејн Дејвис. Ривалот на Тупак, Ноториус Биг, првично се сметаше за осомничен поради нивната јавна расправија, но и тој беше убиен шест месеци подоцна во Лос Анџелес, Калифорнија.
Сега Рајан тврди дека ја знае вистината и има докази.
„Дали ќе ми верувате ако кажам дека знам точно кој го уби Тупак? Многумина од вас го знаат одговорот, но јас можам да го докажам тоа“, напиша Гарсија.
Во април 2023 година Гарсија го претрпе првиот пораз, губејќи со нокаут од непоразениот светски шампион во три категории, сонародникот Џервонта Дејвис. Гарсија сега се подготвува да се врати во април за да се бори со Девин Хејни.
https://twitter.com/WhatsOnRap_/status/1768077265328337227?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1768077265328337227%7Ctwgr%5Ec1aab6f7e120e3e85da0d2255dfeb625aeb2db85%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fcdn.embedly.com%2Fwidgets%2Fmedia.html%3Ftype%3Dtext2Fhtmlkey%3Dcb7145f1731b4c328f8e4d2201854ceaschema%3Dtwitterurl%3Dhttps3A%2F%2Ftwitter.com%2FWhatsOnRap_%2Fstatus%2F1768077265328337227image%3D