Рајан Бадер: Мојата сопруга вели дека големината не е важна

Рајан Бадер не е вознемирен од импозантната големина на Ренан Фереира пред нивната борба во тешка категорија.

Пред неколку дена ПФЛ и Белатор ја најавија нивната заедничка гала вечер која ќе се одржи на крајот на февруари во Саудиска Арабија. Бадер е шампион во Белатор, а Фереира е шампион во ПФЛ. На крајот на минатата година ПФЛ го купи Белатор и сега шампионите на двете лиги ќе ги одмерат силите меѓу себе.

Неодамна Бадер и Фереира се соочија. Рајан е помал од Фереира, но верува дека ќе успее да победи. Тој е толку самоуверен во тоа бидејќи неговата сопруга Дејзи му рекла дека големината не е важна.

„Мојата сопруга вели дека големината не е важна“, напиша Бадер на фотографијата со Фереира.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ryan Bader (@ryanbader)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО