Рајан Бадер го предизвика Тимоти Џонсон за борба во 2021 година

Шампионот во тешка категорија на Белатор, Рајан Бадер е подготвен да ја брани титулата во тешка категорија.

37-годишниот Американец изгуби една од двете титули во август откако Вадим Немков го нокаутира и му го одзеде појасот во полутешка категорија. „Дарт“ ја загуби серијата од 7 последователни победи и за прв пат го вкуси поразот во Белатор.

Сега е насочен кон титулата во тешка категорија која ја освои во јануари 2019 година со победа над Федор Емелијаненко. Бадер има скор 27-6 (1) во ММА и 15 борби се со завршница.

Тој сака да ја брани титулата на почетокот на 2021 година и е насочен кон Тимоти Џонсон, кој е во подем. Џонсон забележа три последователни победи оваа година, две се со нокаут. Во неговата последна битка Тимоти со поделена одлука го победи Чејк Конго.

„Тимоти Џонсон, честитки за победничката серија. Да се ​​бориме за титулата во тешка категорија на почетокот на 2021 година“, напиша Бадер на социјалните мрежи.

https://www.instagram.com/p/CGqOC3yB6Jb/?utm_source=ig_embed

Малку подоцна Џонсон го прифати предизвикот и очигледно ова е следната битка за титулата во тешка категорија кај Белатор.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО