Хабиб: Ќе се обидам да го соборам Гејџи 100 пати (ВИДЕО)

Хабиб Нурмагомедов е категоричен дека ќе ја одонесе борбата со Џастин Гејџи во партер. Овој викенд двајцата шампиони ќе ги обединат неприкосновената и привремена титула во лесна категорија. Ова ќе се случи во главната борба на УФЦ 254 во Абу Даби.

Орелот се забложува на серијата од 28 победи и планира да направи 100 обиди за уривање доколку е потребно. Хабиб го држи рекордот за најмногу соборувања во една битка. Тој го собори Абел Трухило 21 пат од 28 обиди во нивната борба пред три години.

Џастин верува дека неговото борење ќе биде фактор во мечот, но Хабиб планира да ја наметне својата тактика.

„Гејџи има многу добри удари. Сите се добри во држење на телото, но кога ќе ги зграпчам, работите малку се менуваат. Гејџи може да се бори подобро од Пориер, Мек Грегор и други. Ќе биде малку потешко против него. Ќе биде многу интересна вечер. Доколку е потребно, ќе се обидам да го соборам 100 пати.

Сакам да се борам. Ова ми дава добра енергија. Сакам да се натпреварувам со најдобрите во спортот. Затоа сум тука. Не знам зошто зборуваат за мојата пензија. Дали сте уморни од мене? Многу медиуми бараат повлекување, а јас сакам да се натпреварувам. Го правам тоа цел живот.

Сега имам совршен противник кој е многу жилав. Многу луѓе велат дека тоа ќе биде мојата најтешка битка, но ќе видиме.После оваа борба ќе биде одлично да се борам против Жорж Сент Пјер. Фановите ќе го гледаат.

УФЦ сака ваква битка. Сакам да се борам со него и ова ќе биде најголемата борба во историјата. Тој нема изгубено 12-13 години. Мислам дека приказната меѓу мене и него е одлична“, изјави непоразениот шампион Хабиб Нурамгомедов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО