Рафаел Агаев и Дамијан Кинтеро го одбележаа турнирот во Дубаи од Карате 1 Премиер лигата.
Агаев (Азербејџан) го освои првото место во категоријата до 75 килограми совладувајќи го во финалето Иранецот Бахман Асгари Гончех, така што ова му 14 меѓународен златен медал.
Кинтеро е големиот херој на турнирот во Дубаи по победата во кати. Тој настапува за Ал Али Клуб Дубаи од ОРЕ. По победата во Ротердам-Холандија, тој ја запиша и петтата победа во Карате 1 Премиер лигата. Кинтеро е лидер во кати во машка конкуренција.
Малезијката Сјакила Слани Џефри Кришнан (-55 кг) е изненадувањето на денот, бидејќи беше подобра од светската шампионка сара кардин од Италија.
Побденици во Дубаи се: Сандра Санчез кати, Италија екипно жени-кати, Бетина Планк (-50 кг), Сјакила Слани Џефри Кришнан (-55 кг), Мохамед Фарук (-61 кг), Силвија Семераро (-68 кг), Фани Клавин (+68 кг); Данијан Кинтеро – кати, екипно-кати Малезија, Ангело Кершнецо (-60 кг), Али Елсави (-67 кг), Рафаел Агаев (-75 кг), Угур Акташ (-84 кг) и Ахмед Саид (+84 кг).
На 42:00 е борбата на Агаев.
Ipon.mk/В. Д.