Радовиш ќе биде домаќин на 39-от Македонски бисер, меѓународен турнир во борење слободен стил, што ќе се одржи во сабота. Засега е познато дека ќе учествуваат репрезентцаиите на Словенија, Србија, Косово, Босна и Херцеговина, Белорусија, Бугарија, Албанија, Италија, додека репрезентцаијата на Азербејџан изразила подготвеност да земе учество на турнирот.
Од нашите репрезентативци се очекува да настапат: Јасин Реџелари, Дејан Митров, Бобан Данов, Бесмир Весели, Дејан Богданов, Иван Јанев, Николче Петров, Александар Стојановски и други.
Сепак, за време на Бисерот ќе се одбележат и 20 години од освојувањето на европскта и светската титула на БК Бучим, при што на борачите од тогашниот состав ќе им бидат доделени пригодни признанија. Секако во почесните гости ќе бидат и Ванчо Чифлиганец, како протагонист на таа генарција на Бучим Јака и претседателот Кирчо Сусинов, додека од борачите се очекува да се појават: Тони Танчев, Васе Спасов, Горан Калајџиев, Дане Вучков, Трајче Димков, Влатко Соколов и други.
ipon.mk/В.Д.