Радикална изјава на Дејан Стефаноски: Ќе кажувам дека сум Бугарин, срам ми е да кажам дека сум Македонец!

Dejan Stefanoski so zname

ММА борецот Дејан Стефаноски пред борбата во Нови Сад со радикална изјава.

Dejan stefanovski pobednik vo split

„Од следнава борба ќе кажувам дека сум Бугарин, затоа што ми е срам да кажам дека сум Македонец. Општината не ме поддржуваше. Има пари само во ракометот, кој секој месец земаат плата од 500-600 евра. Јас се тепам во странство. За мене еднаш во годината им беше тешко да пуштат 200 евра. Премногу сум разочаран. Не го очекував ова. Не можам да ги разберам зошто не скаат да помогнат. Не знаат како е да се влезе во кафезот, не знаат што е љубов во еден ваков спорт“, вели Стефаноски, кој на 16 април ќе настапи во Србија протиф Стефан Секулиќ на „Сербиан бател чемпионшип 9“ (СБЦ), а на 30 во Германија.

Тој ги поздравува спонзорите, кои максимално го помогнале, но многу е разочаран.од Општината и.Советот на Велес.

„Не знаат колку е скап нашиот спорт. Затоа нема спорт во Македонија, зошто некој треба да крадат. Не сакам да именувам никого, ќе се препознаат сами“, истакнува Стефаноски.

Ipon.mk/В. Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON