Работно лето на ТКД Бутел – репрезентативците се подготувуваат за важните настани (ФОТО)

Таеквондо клубот Бутел летово не одмора туку напорно работи за есенската сезона и за таа цел учествуваше на традиционалниот десетдневен летен камп во Охрид организиран од страна на Македонската такевонод федерцаија (МТФ).

„Фокусот на овој камп беше насочен на работење на експлозивноста и брзината. Инаку на летниот камп во Охрид учествуваа 120 таеквондисти од нашата државава во две смени, вкупно 20 дена. Меѓу учесниците беше и актиелната јуниорска светска шампионка од Надица Божаниќ (-62 кг) од Србија, заедно со јуниорскиот селектор на српската репрезентација Југослав Нестасиќ“, вели тренерот Дарко Костовски и додаде:

„Само по неколку дена одмор од кампот во Охрид ТКД Бутел замина на втор камп во Димитровград, Србија, каде што имасе репрезентативци од Србија, Македонија, Босна и Херцеговина, Романија и Бугарија. Суштината на овој камп беа спаринг тренинзите со навистина висок квалитет на борци, од кои осумина беа медалисти од светски и европски првенства“.

При крајот на месецов Бутел треба да замине на уште еден меѓународен камп во Соко Бања, Србија, на кој ќе учествува и дел од А-селекцијата на силниот Иран, како и квалитетни борци од други држави….

„Сите овие кампови се подготовка за идните големи натпреварувања, како Балканското првенство во септември во Букурешт,Гранд прито во Таиван во октомври, Олимписките игри за млади во Буенос Аирес (октомври), голем број Г-1 турнири, а епицентарот е Светското сениорско првенство во Манчестер, Англија, 2019 година“, истакнува Костовски.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON