Работнички е се помоќен – на ДП во џудо за пионери и кадети освои 19 медали

Вчера на Државните првенства во џудо за помлади пионери и кадети Џудо  клубот Работнички со 23 напреварувачи освои 19 медали – 5 златни, 7сребрени и 7 бронзени.

Медалите ги освоија: Јасин Алили, Аган Мурати и Мердиан Мурати златни, Сулејман Пепиќ, Амел Факиќ  и Емира Идризи  сребрени, Емир Дервиши  и Берин Хусењи бронзени во кадетска конкуренција;

Митревска Мелани и Анабела Данилова златни, Амина Факиќ, Беслими Мусај, Трајчов Андреј и Стојков Стојанче сребрени, Ахмед Факиќ, Цветанова Марија, Машовиќ Ален, Атанасов Јован и Дамијан Смилков бронзени во пионреска конкуренција.

На овие Првенства учество зедоа околу 160 натпреварувачи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО