Путин стана карате мајстор 8-дан, покрај оние во џудото и во таеквондото

putin22n-2-web (1)

Рускиот претседател, Владимир Путин (62) дојде до  црн појас осми дан во карате, неколку дена откако поранешниот советски претседател Михаил Горбачов го обвини дека страда од  комплексот „Бог“ и дека мисли дека е вториот најсилен човек на светот во вселената по Создателот, пренесуваат светските медиуми.

Веста дека Путин од декември ќе носи црн појас од одми дан во „кјокушинкаи“ карате, во комбинација со фактот дека претседателот на Рсуија веќе има црн појас девети дан во теквондо и црн појас осми дан во џудо и е единствен Русин со ова признание, би требало да го натера Горбачов да размисли за тоа дека можеби Путин е во право кога има толку високо мислење за себе.

Претседателот на Русија ова високо признание на  „кјокушинкаи“ федерацијата ќе го добие на церемонијата во декември за време на светското првенство.

– Борачките вештини учат на само контрола, способност да се почувствува моментот, ви даваат можност да ги видите силните и слабите страни на вашиот противник, за да постигнете резултат. Сигурен сум дека ќе се сложите дека ова се клучните способности за еден политичар – изјавил Путин за својата опсесија со борењето.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON