Путин се сретна со претседателот на ИЏФ Мариуш Визер

68

Претседателот на Руската Федерација и почесен претседател на Меѓународната џудо федераци (ИЏФ) Владимир Путин денес го посети седиштето на ИЏФ во Будимпешта, Унгарија, и се сретна со претседателот Мариуш Визер.

За време на средбата се разговараше за темите за спорт, џудо настани и џудо на Олимписките игри, како и џудото во училиштата, програмата за бегалци и Академијата на ИЏФ. Информациите во врска со современото џудо и неговата еволуција и начинот на кој спортот има позитивно влијание врз животот на милиони луѓе низ светот беа разменети и покажаа колку претседателот Путин внимава на промените што ги помина џудото изминатите години.

„Мислам дека благодарение на унгарската влада и Будимпешта, ИЏФ го има ова прекрасно седиште. Од моментот кога сте избрани за претседател на ИЏФ, има толку многу позитивни промени во џудото. Промените во правилата го направија спортот многу поатрактивен, со многу нови настани. Џудото почна да станува глобален спорт, го доведовте џудо на највисоко ниво, обезбедувајќи и можности на спортистите. Во името на сите љубители на џудото, сакам да ви се заблагодарам за вашата работа“, рече Путин.“

Од друга страна, Визер истакна: „Благодарам господине претседателе што ме почестивте, а достигнувањата беа тимска работа. Чест ми е да бидам дел од овој тим. Вие исто така многу придонесовте во развојот на џудото и инспириравте милиони џудоки преку вашите достигнувања во вашиот живот“.

Почесниот потпретседател на ИЏФ, д-р Чањи Шандор рече: „Чест ми е што сум дел од оваа успешна инвестиција во џудото што е фер и чист спорт управуван на транспарентен начин. Би сакал да му честитам на претседателот Путин за најдобро организарното Светско пренство во фудбал во Русија во 2018 година“.

Претседателот Путин е емерит и признат џудока со црн појас, кој беше награден со 8-ми дан во 2012 година од страна на Меѓународната џудо федерација, со што стана првиот Русин кој го достигна тоа ниво. Пасиониран за џудото уште од млада возраст, претседателот Путин, како вистински џудо-фан, редовно посетува џудо настани како што се Светските првенства, Меѓународниот турнир во Владивосток Џигоро Кано и Олимписките игри. Тој го опиша џудото како „мојот омилен спорт“, и продолжува да го редовно да го практикува.