Рускиот претседател Владимир Путин одржа тренинг заедно со руската џудо репрезентација.
Путин на татамито излезе со шампионите од Лондон, Арсен Галстијан, Менсур Исаев и Тагир Хајбулајев, а тренингот беше одржан во центарот за обука „Јужен спорт” во Сочи.
Во салата се појави и министерот за спорт Виталиј Мутко, кој беше во кимоно, но не излезе на борилиштето.
Путин тренира џудо многу години и е мајстор во спортот. Претседателот на Русија поседува и црн појас во карате.
Исто така, на тренингот беше и претседателот на џудо федерацијата Александар Жуков, од кого новинарите побараа одговор на прашањето-дали стравуваше за судбината на претседателот, кога тој излезе на душекот заедно со шампионите:
„Не, нашиот претседател е вистински спортист“!
Погледнете ја видео снимката од тренингот на Путин со руските шампиони.
https://youtu.be/mUwPl-DvlH0