Путин го одликуваше Евгениј Тишченко

putin go odlikuva Tiscenko

Рускиот претседател Владимир Путин го одликуваше олимпискиот победник Евгениј Тишченко со орденот Редот на пријателството.

Боксерот беше одликуван на состанокот со рускиот олимписки тим во Кремљ.

Судењето на бокс турнирот во Рио де Жанеиро знаеше да биде посбено лошо, а особено срамна беше одлуката на мечот во кој Тишченко ја освои титулата олимписки шампион во тешка категорија против Василиј Левит.

И додека новиот олимписки шампион беше исвиркан во рингот во кој дојде до најголемата победа во кариерата, публиката аплаузите ги зачува за Казахстанцот кој беше многу достоинствен во целата ситуација.

Левит дури и се молеше публиката да покаже малку повеќе почит спрема Тишченко. Самото доаѓање на Игрите беше под знак прашалник за Тишченко до последен момент поради допинг скандалите кои ги следеа руски спортисти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО