Вчера свечено беше отворено Светското првенство во џудо во Будимпешта, а за оваа прилика во Унгарија пристигнаа голем број на популарни личности. Сепак, голема еуфорија предизвика појавувањето на рускиот претседател Владимир Путин.
Специјално за планетарниот џудо форум во Будимпешта пристигнаа уште претседателот на Монголија Халмаагин Батулга и претседателот на Светската џудо федерација Мариус Визер. Тие беа пречекани од унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Првенството беше отворено со брилијантни перформанси на химната на светското џудо во изведба на италијанскиот пејач Ал Бано.