Пуликсенија Јованоска петта на Европското првенство во Франција

Puliksenija

Пуликсенија Јованоска во борбата за бронбзениот медал на Европското карате првенство во Монпелје-Франција, со Италијанката Вивијана Ботаро е поразена со 5-0. Така и во втората шанса за бронза денеска не успеавме.

Сепак, и ова е еден од најдобрите пласмани на ЕП во кати во поединечна конкуренција.

Инаку Јованоска ги совлада Лина Ваглунд ос Шведска со 4-1, Марија Фурсава од Белорусија 4-1, а против Вероника Мишкова од Чешка победи со 3-2. Во клучниот меч за влез во големото финале е поразена од Шпанката Сандра Санчез со 5-0.

Во втората борба за бронзениот медал победи Дилара Бозан од Турција со 4-1 против Алзбета Овечкова од Словачка.

Денес препладне Наташа Сетфановска (-61 кг) за 24 секунди ја загуби борбата за бронзениот медал на Европското првенство во Монпелје со Србинката Јована Прековиќ.

Нашата каратистка е поразена со 5-0. Србинката поведе со 1-0, за на крајот да направи ипон и јуко.

Ipon.mk/В. Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО