Вербалните напади меѓу Кубрат Пулев и Владимир Кличко продолжуваат и во пресрет на утрешниот боксерски меч на годината. Бугарскиот боксер го спореди однесувањето на Украинецот како на девојче.
„Тој е многу добар боксер. Висок, физички здрав, брз и одлично работи со нозете, Тој има се што му треба за да е светски шампион, но нема срце. Се однесува како девојче“, изјави Пулев во интервју за телевизијата РТЛ.
„Ги имам сите компоненти за да забележам победа. Знам дека сум најдобар боксер и сум подготвен да издржам и 20 рунди“, додаде бугарскиот боксер.
Пулев го зазема 4 место на листата на ВБА (World Boxing Association) и во 20 професионални борби нема пораз.