Отворен тренинг на борците пред Белатор 131(ВИДЕО)

workout

ММА трката за Белатор 131 ќе се одржи овој викенд, а вчера се одржаа отворените тренинзи на дел од натпреварувачите за медиумите, меѓу нив беа Тито Ортиз, Стефан Бонар, Мелвин Манхоф, Мајкал Чендлер и Мухамед Ловал.

Тито Ортиз

Ортиз дефинитивно е фокусиран на борбата во стоечка позиција за овој дуел или, барем, таков впечаток сака да остави . Тука ќе видите многу брзина, сила и комбинации.

Стефан Бонар

Бонар започнува директно со демонстрација на борбата во клинќ и умешшноста во граплинг, како и одбана од собоување. Потоа прави малку канџи и покажува удари, со неколку техники од џиу – џицу.

Мелвин Манхоф

Ќе го видите она што точно може да го очекувате од Манхоф-разнобразни кик бокс техники на високо и ниско ниво, и со рацете и со нозете.

Мајкал Чендлер

Поранешниот шампион е во страотна форма пред вториот дуел со Вил Букс оваа сабота. Тој демонстрираше борба со сенка, а и неколку соборувања.

„Кинг Мо“ Ловал

Тој очигледно се забавувае со поранешниот боксер Јеф Мејведер. Таа енгија ќе му треба и за мечот со Џо Ведепо.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО