Пулев ќе го нокутира Џошуа и ќе стави крај на Мечрум бокс

Ивајло Гоцев, кој заедно со Топ ранк го промовира Кубрат Пулев, потсетува дека Ентони Џошуа е должен да се бори против бугарскиот боксер или му се заканува судска постапка.

Пулев е задолжителен предизвикувач на ИБФ за Џошуа, кој исто така ги има светските титули и на ВБА, ВБО, ИБО.

Џошуа и Пулев требаше да се борат во јуни, но мечот беше одложен поради пандемијата на коронавирусот.

Во моментов средбата е закажана за 12 декември.

Но, раководните лица на Пулев се малку загрижени дека Џошуа ќе се обиде да ги заобиколи за да направат целосно обединување на титулите во категоријата со светскиот шампион на ВБЦ, Тајсон Фјури.

Ова сценарио е малку веројатно, бидејќи со Фјури управува и Топ ранк, кој сигурно би се грижел за неговиот друг клиент – Пулев.

Дури и ако се направи обид за сценариото Џошуа-Фјури, Гоцев вели дека ќе биде покрената постапка.

„Вратата на Џошуа-Фјури ќе биде затворена со судски спор ако тие го нарушат нашата зделка и нашиот договор. Во Англија има многу добри адвокати и многу фер судови, па ќе остане на нив да одлучат дали го сакаат тоа или не. Верувам дека Еј Џеј и неговиот менаџер ќе направат вистинска работа и ќе го сторат она што ќе го кажат и ќе ја финализираат зделката“, рече Гоцев.

„Преку крв, пот и солзи, Кубрат ја дојде до позицијата да го предизвика Џошуа за шампионската титула. Дали ќе му го одземат неговото право, дали секој може да му ги одземе неговите права? Од нив зависи – ако сакаат да се обидат. Но, тие мора да ги следат правилата. Потпишан е договор.

Ние сме во завршна фаза на затворање на зделката, од што сме исклучително задоволни. Го прилагодуваме првичниот договор и конечно се движиме во вистинската насока за да ги задоволиме двете страни. Сега останува на промоторот на Џошуа, Еди Херн, да ја завршат нивната работа. Нашиот потпис ќе дојде многу полесно од нивниот. За да станете шампион, треба да одите во странски земји и да ги освојувате. Ова е она што Кубрат реши да го стори. Во Англија, победата ќе биде најслатка и најлегитимна. Ајде да го сториме тоа во Лондон.

Ние целиме кон нокаут. Кубрат е човек. Тој има срце, вештини, талент и ќе го изненади Џошуа. Прашањето е дали Еј-Џеј е човек или се уште е син на мајка? Кубрат е голем аутсајдер, тоа е како Роки приказна. Џошуа е физички пример. Тој е како Аполо Крид и ние го доведуваме Роки. Кога тој ќе го победи Еј Џеј, тоа биде крај на Мечрум бокс“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО