Пулев и Џошуа потпишаа договор, пресметка на 12 декември

Конечно, Кубрат Пулев потврди дека ќе се бори за титулите во тешка категорија против шампионот Ентони Џошуа на 12 декември во Лондон.

„Официјално е: Пулев-Џошуа на 12 декември во Лондон. Договорот е потпишан, нема одење назад, нема одложувања, нема презакажувања. Нека побед подобриот“, напиша Пулев на Фејсбук.

https://www.facebook.com/KubratPulev/posts/10159054235102884

Имаше шпекулации дека Британецот ќе му „исплати“ за да се откаже мечот и да може да организира дуел со Тајсон Фјури.

Џошуа требаше да боксира со Пулев на 20 јуни како задолжителен предизвикувач, откако претходно го победи Енди Руиз Јуниор за да ги врати ВБА, ИБФ, ВБО и ИБО титулите во Саудиска Арабија минатиот декември.

Тајсон Фјури пак, вчера потврди дека третиот меч со Дионтеј Вајлдер нема да се случи, и најверојатно ќе боксува исто така во декември, пред првиот од двата меча со Џошуа.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО