Пудзијановски против Мек Свинеј на КСВ во Даблин

Џејмс Мек Свинеј (15-15) се враќа на борилиштето за да настапи во главната борба на КСВ 40 во Даблин.

36-годишниот Англичанец на 22 октомври во главниот град на Република Ирска ќе се бори со големата полска ѕвезда Мариуш Пудзијановски (11-5-1 НЦ).

Мек Свинеј во претпоследната борба се бореше за титулата во тешка категорија на КСВ. Во март 2016 година загуби со технички нокаут во првата рунда од Карол Бедорф. Во последната битка во октомври минатата година го предаде мечот по првата рунда на Таџи Туивас и најави крај на кариера како резултат на епилепсија.

40-годишниот Полјак за последен пат на борилиштето излезе кон крајот на мај кога пред повеќе од 55.000 гледачи на стадионот во Варшава го победија Тибериуш Ковалчик.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО